Фудбалерите на Кристал Палас им го отворија патот на „сините“ до титулата во Премиер лигата откако во последниот натпревар од 31-та рунда го совладаа Манчестер Сити со 2-1.


Домаќините постигнаа по еден погодок во двете полувремиња, а гостите од „Етихад“ успеаја само да го ублажат поразот, кој ги „спушти“ на четвртата позиција.


Екипата на Челси има осум бодови предност од второпласираниот Арсенал и натпревар помалку на седум мечеви од крајот на шампионатот.

Само чудо може да им ја одземе титулата на Челси во Премиер лигатасезонава, кој ќе освои по четири годишна пауза.

Мх.П.