Победничката низа на Манчестер Сити во Премиер лигата заврши на „Селхурст Парк“, откако „граѓаните“ ремизираа без голови (0-0) со тимот на Кристал Палас во претпоследниот натпревар за 2017 година во англискиот шампионат.

До мечот со Кристал Палас фудбалерите на Манчестер Сити имаа серија од 18-ет победи по ред, а благодарание на голманот Едерсон кој одбрани удар од белата точка во 90-та минута серија без пораз продолжува. Трагичар во домашниот состав беше Лука Миливојевиќ кој го имаше лидерот во Премиер лигата во своите раце.

Без разлика на ремито Манчестер Сити останува на врвот со комотна двоцифрена предност од 14 бодови пред Челси кој го помина Манчестер Јунајтед на табелата. Новогодишната рунда во англиската Премиер лига ќе се комплетира со дуелот помеѓу ВБА – Арсенал.

OhridNews