По завршувањето на “љубовта“ со Германскиот Шалке, капитенот на Австриската фудбалска репрезентација Кристијан Фукс во летниот период трансферираше во англискиот премиерлигаш Лестер. Тимот кој лани во последните рунди избори опстанок, сезонава е на прагот да направи светска сезнација. Ниту во најлудите сонишита фудбалерите на Лестер неможеа да си го престават ова што им се случува. Постигнувањата одамна ги поминаа очекувањата на Кристијан Фукс.

– Ова е нешто неописливо, во секој случај нешто што јас лично не очекував. Лани тимот се спаси во последните рунди, дојдов во предсезоната и веднаш го забележав потенцијалот кој тимот го има , знаев дека борбата за опстанок нема да биде во прашање, но дека вака работите ќе се одвиваат воопшто не очекував – вели Фукс кој секогаш е расположен за разговор со медиумите.

Фукс, Варди, Марез, Дринквотер предводени од италијанецот Клаудио Раниери го живеат својот сон. До крајот има уште седум рунди, како Лестер ќе се разбуди од својот сон? Ќе биде ли тоа хепиенд? -Ова е еден сон, сон кој секој фудбалер посакува да го сонува, ние не сме меѓу топ клубовите во Англија, ниту во Европа , но тоа не ни сметаше , многу сме блиску до остврување на практично невозможното. Има уште седум меча, разликата е само пет поени, не е тоа некоја голема предност која би ни дала можност да се опуштиме, лесно може да се стопи и тоа само во два меча. Но како и во националниот тим така и во Лестер размислуваме од меч за меч, не го гледаме распоредот, и секогаш се обидуваме да го дадеме најдоброто од себе. 

Што се можно е во фудбалот? Лестер веќе ја има светска подршка да истраат и во светот на фудбалот кој го вртат парите тие да бидат фудбалски следбеници на “Робин Худ“.

– За фудбалските фанови секогаш е добро кога малиот тим стига до големи успеси, еве гледате на ЕП по подолго време ќе учествуваат селекции кои се така да речам фудбалски анонимуси, но од она што го гледаме е дека фудбалот може да испише и тоа како интересни приказни.  – надополни левиот бек.

Играше “руски“ рулет со Варди, Раниеири “честеше“ пица по победата без примен гол, а слободните денови се нешто сосема нормално во таборот на италијанецот. Односот кон фудбалерите е нешто што најпријатно го изненедило австриецот во Лестер. 

– Мојата фамилија живее во Њујорк, кога јас сакам да го посетам, добивам зелено светло од клубот. Во Германија тоа беше незамисливо, патување на сред сезоната!? Сметам дека секој има право да прави што сака кога има слободни денови – вели Фукс.

Капитенот на Австрија, кој преку Германскиот Шалке 04 трансферираше во Премиерлигата, упати остри критики на сметка на “Бундеслигата“.

– Во најголемиот дел од мечевите победува Баерн Минхен, во Англија не е така, овде нивото е многу повисоко и секој секого може да победи. Исто така и односот на судиите е доста различен, оставаат играта да “тече“, темпото е далеку подинамично и навистина уживам во секој меч во лигата – вели Фукс.

Фукс ќе ја предводи австриската репрезентација на ЕП во Франција која во Ф групата ќе игра заедно со селекциите на Португалија, Унгарија и Исланд.

Мирко Постоловски