Францускиот амбасадор во Македонија, Кристијан Тимоние, оцени дека според неговото искуство како набљудувач на вториот круг од локалните избори, тие поминале мирно, а Македонија покажала дека освен што е стабилна и одговорна земја, сите демократски сили ја одиграле улогата која им припаѓа, пренесува „Макфакс“.

„Вчера бев набљудувач и најчесто во текот на денот се досадувавме. И бев среќен што се досадувавме затоа што, сепак, претстои сè уште простор за одредени напредоци. Затоа што и старите земји-членки на Европа понекогаш се соочуваат со потешкотии во текот на изборите. Сепак, има правни рамки кои овозможуваат да се надминат сите тие потешкотии. Со тоа се покажува дека Македонија освен што е стабилна и одговорна земја и сите демократски сили си ја одигруваат улогата која им припаѓа, односно, од една страна имаме мнозинска Влада која треба да си ја одигрува својата улога, но исто така од друга страна и демократска опозиција, оценува Тимоние.

OhridNews
извор: „Макфакс“