Најдобриот светски фудбалер Кристијано Роналдо се најде во центарот на вниманието не поради постигнати голови или освоени трофеи туку за несекојдневен потег од негова страна.

Португалецот во ресторанот во Лас Вегас каде што седел со своите пријатели пронашол телефон. Роналдо брзо ја открил и ја исконтактирал сопственичката и го вратиЛ телефонот назад.


Роналдо исто така среќната девојка ја повикал на вечера во ресторанот заедно со своите пријателки, а таа сето тоа го споделила на социјалните мрежи.


– Лошите вести се дека го загубив мојот телефон пред два дена, но добрите вести се дека Роналдо го пронајде. Уште подобра вест е дека не однесе на вечера. – стои во „твитот“ на среќната девојка.

Ohridnews