Најдобриот фудбалер во светот, Кристијано Роналдо со две дечиња, односно близначиња ќе го збогати своето семејство.
Како што пренесува англискиот весник „Сан“, Роналдо принова во фамилијата ќе добие од сурогат мајка која треба да се породи до крајот на месец март.
Првото дете на Португалецот, Кристијано Роналдо Јуниор исто така на свет го донесе сурогат мајка која се чува во строга тајност.
Инаку, Роналдо моментално е во врска со колумбиската убавица Џорџина Родригез со која прв пат јавно се појави на гала церомонијата од ФИФА каде беше прогласен за најдобар фудбалер.
OhridNews