Португалскиот репрезентативец и член на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо е прогласен за најдобар играч во Европа.
Признанието, вкупно второ за Роналдо, тој го освои пред клупскиот колега Герет Бејл и францускиот репрезентативец Ентоан Гризман.
Роналдо имаше сезона од соништата освојувајќи ја титулата во ЛШ со Реал Мадрид и европската круна со Португалија на континенталниот собир во Франција.
Во женска конкуренција триумфираше Норвежнката, Ада Хегерберг. 21-годишната фудбалерка во дресот на Лион во Франција постигна 33 голови во 20 натпревари, а во Лигата на Шампиони се закити со титулата најдобар стрелец со 13 погодоци.
OhridNews