Кристијано Роналдо ја продолжи ризницата на признанија во фудбалот, откако на гала церомонијата на ФИФА во Цирих беше прогласен за фудбалер на годината.
Португалецот, во изборот за најдобар фудбалер подобар беше од фудбалерот на Барселона, Лионел Меси и членот на Атлетико Мадрид, Ентони Гризман.
За најдобар тренер во 2016 година е прогласен Клаудио Раниери кој со екипата на Лестер сензационални ја освои титулата во Премиер лигата.
Италијанскиот стратег во конкуренцијата за награда ги совлада селекторот на Португалија, Фернандо Сантош и тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан.
Погодокот од слободен удар на Муд Фаиз Субри беше избран за гол на годината.
Наградените:
Фудбалер на годината: Кристијано Роналдо
Фудбалерка на годината: Карли Лојд
Тренер на годината во машка конкуренција: Клаудио Раниери (Лестер)
Тренер на годината во женска конкуренција: Силвија Нејд (Германија)
Фер Плеј екипа: Атлетико Национал (Бразил)
Навивачи на годината: Ливерпул и Борусија Дортмунд, за мечот на Енфилд (4-3) во Лигата на Европа
Гол на годината: Муд Фаиз Субри
Тимот на година: Мануел Нојер, Дани Алвес, Жерард Пике, Серхио Рамос, Марсело, Лука Модриќ, Тони Крос, Андрес Иниеста, Лионел Меси, Ентони Гризман, Кристијано Роналдо.
OhridNews