Португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо е најдобриот светски фудбалер за 2014 година. Тој успеа да ја одбрани индивидуалната титула, која му припадна една година претходно победувајќи ги Лионел Меси и Мануел Нојер.


– Благодарност до сите кои гласаа за мене, за моите соиграчи, мојот тренер и мојот клуб, кој имаше незаборавна сезона. Кога ќе освоите ваков трофеј неможеш да најдеш зборови да се доискажиш – истакна Роналдо.

За поранешниот фудбалер на Спортинг Лисабон и Манчестер Јунајтед ова беше трето признание за најдобар фудбалер по 2009 и 2013 година. Роналдо во трката за наградата триумфираше убедливo со 37.66% од гласовите пред Меси (15.76%) и голманот Нојер (15.72%).

Во женска конкуренција триумфираше Германката Надин Кеслер, која на тимот и помогна во одбраната на титулата во Лигата на Шампиони.

– Неможам премногу да говорам бидејќи премногу брзо ми работи срцето. Оваа награда ја посветувам на нашиот соиграч од машкиот клуб, кој трагично го загуби животот пред неколку денови – рече Кеслер.

Сите наградени за 2014 година :

Најдобра тренер женски фудбал : Ралф Келерман (Волфзбург)

Најдобар тренер машки фудбал : Јоаким Лев (Германија)

Најубав погодок : Џејмс Родригез (Колумбија)

Најдобра фудбалерка : Надин Кеслер (Волфзбург/Германија)

Најдобар фудбалер : Кристијано Роналдо (Реал Мадрид/Португалија)

Мх.П.