Фудбалерот на Реал Мадрид и членот на португалската репрезентација, Кристијано Роналдо ја освои престижната награда од ФИФА за најдобар играч на планетата земја.
Фудбалскиот ас во трката за најдобар играч ги победи долгогодишниот ривал, Лионел Меси и најскапиот фудбалер во светот, Нејмар.
Роналдо минатата година со селекцијата на Португалија успеа да ја покори Европа, а истото му појде од рака и на клупски план со Реал Мадрид.
Наградата за тренер на година заслужено замина во рацете на Зинедин Зидан, а за голман на годината прогласен е Џиџи Буфон.
Признанието „Ференц Пушкаш“ за гол на година го понесе Оливие Жиру за погодокот „шкорпија“ во дресот на Арсенал.
Наградени:
Фудбалер на годината: Кристијано Роналдо (Реал Мадрид/Португалија)
Фудбалерка на годината: Лике Мертенс (Барселона/Холандија)
Фер плеј на годината: Френсис Коне
Голман на годината: Џиџи Буфон (Јувентус/Италија)
Тренер на годината: Зинедин Зидан (Реал Мадрид)
Тренерка на годината: Сарина Вигман (Холандија)
Навивачи на годината: Селтик
Гол на годината: Оливие Жиру (Арсенал)
OhridNews