Кристина Цветкоска, ученичка во основното училиште „Христо Узунов“ е првонаградена на Литературниот конкурс на тема „Есента собира семиња за цветови во сите годишни времиња“, кој го распиша општина Охрид, како дел од Програмата на одделението за заштита и влијание на животната средина за 2017 година.
Овој еко проект се реализира во соработка со основните училишта на територијата на Општина Охрид заради одбележување на Есенската рамноденица – почеток на есента 23-ти септември. Право на учество имаа сите деца на возраст од 6 до 14 години, ученици во основните училишта на територијата на Општина Охрид.











