Полициската станица Струга поднесе кривична пријава против 57-годишно лице од струшкото село Биџево и против правен субјект, градежно претпријатие од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.

Пријавениот како управител на претпријатието, како инвеститор, без согласност од станарите и без решение, започнал со градба на настрешница-гаража во двор на колективна станбена зграда, која се состои од метална конструкција затворена од три страни.

Од страна на градежна инспекција при општина Струга донесено е решение за отстранување на градбата.

OhridNews