ОВР Струга поднесе кривична пријава против 31 годишно лице од Република Германија, 25 годишно лице од Сенегал, 25 годишно лице од Турција и македонскиот државјанин, 28 годишен од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“ и „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“.
Тие, кривичните дела ги сториле на 19.04.2025 година на фудбалски натпревар кој се играл во Струга при што, со влечење, оттурнување и со физички напад, ги спречувале полициските службеници да преземаат службени дејствија по нарушен јавен ред и мир со тепачка, информираат од СВР Охрид.
OhridNews