Кривична пријава за лице од село Лешани за издавање фиктивни испратници за превоз на буково огревно дрво.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 31 годишно лице од селото Лешани, општина Дебарца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Тој, во текот на оваа и минатата година, во својство на референт за сеча и дотур во ЈП „Македонски шуми“-Шумско стопанство Охрид, неовластено издал 16 фиктивни испратници за превоз на буково огревно дрво кои, при контрола не се пронајдени и заверени, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
OhridNews












