Поднесена кривична пријава за неовластено издавање одобрение за регистрирање на возило кое не ги исполнувало условите.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 41 годишно лице од Скопје и 53 годишно лице од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Пријавените, неовластено издале одобрение за регистрирање на товарно моторно возило „Ман“ сопственост на правно лице од селoто Долно Средорече-општина Дебрца, иако знаеле дека возилото не ги исполнува условите и согласно Законот за возила не може да се регистрира, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
OhridNews












