Охриѓанец „заработи“ кривична пријава бидејќи бил затекнат прд угостителски објект во време на полициски час, информираа од СВР Охрид.

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ поднесена е кривична пријава против 35 годишно лице од Охрид. При контрола извршена на 10.05.2021 година во 01.45 часот, полициските службеници го затекнале пријавениот пред угостителски објект на улицата „Партизанска“ во Охрид, без да поседува соодветно одобрение издадено од надлежен орган во време на забрана за движење на населението поради заштита од Ковид-19, информираат од СВР Охрид