СВР Охрид поднесе кривична пријава против 35 годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „измама“.
Тој, во текот на август 2022 година, со намера да прибави противправна имотна корист, ја довел во заблуда З.Д. од Охрид ветувајќи и дека ќе и изврши одредени градежни работи во нејзиниот дом, за што, побарал и добил 60.270 денари но, работните обврски не ги реализирал, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
OhridNews












