СВР Охрид поднесе кривична пријава против 37-годишно лице од село Ботун, општина Дебарца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

На 31.07.2013 година пријавениот, како градоначалник на општина Дебарца, спротивно на одлуката на општината, извршил распределба на 20.000 денари на здружение за едукација на жената во руралната средина од село Велмеј, во кое одговорни лица биле две лица меѓу кои и неговата сестра, и покрај тоа што здружението не го исполнувало условот за претходно спроведување на активности од најмалку шест месеци.

Со тоа им овозможил да се стекнат со противправна имотна корист за наведениот износ, а на штета на Буџетот на општина Дебарца.

OhridNews