СВР Охрид поднесе кривична пријава против 57-годишно лице од селото Белчишта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,несовесно работење во службата“.
На 27.08.2018 пријавениот, како референт во ЈП-ШПС „Галичица“ Охрид, при премер на опожарена дрвна маса, без претходно решение од надлежна комисија за проценка на квалитет на опожарената дрвна маса, извршил проценка на квалитетот на опожарената дрвна маса според којашто овозможил на лице кое се јавува како купувач да му биде издадена испратница со повеќе дрвна маса од реалната количина, на штета на Буџетот на ЈП „Македонски шуми“.
OhridNews












