Во угостителски објект во село Лабуништа не се почитувале мерките за заштита од Ковид 19.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 39 годишно лице од село Лабуништа, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривични дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 17.04.2021, полициски службеници од ОВР Струга во содејство со ДПИ извршиле контрола во угостителски објект во село Лабуништа, сопственост на пријавениот, при што било констатирано дека објектот работи по дозволеното време и не биле почитувани мерките донесени од Владата на Република Северна Македонија за заштита на граѓаните од Ковид 19, велат од МВР.

OhridNews