Надворешната канцеларија за криминалитички работи Струга поднесе кривична пријава против 32-годишно лице од струшкото село Мислешево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уништување на изборен матерјал”.

Според информацијата на МВР, на 30.09.2018 година во село Мислешево, на избирачкото место број 1863/1, пријавениот го ставил гласачкото ливче во џеб, а потоа се обидел да стави две други ливчиња во гласачка кутија, но не успеал.

OhridNews