СВР Охрид поднесе кривична пријава против 61 годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.
На 14.12.2021 во Охрид, при извршен надзор, констатирана била узурпацијата на имот и донесено Решение за отстранување на градбата во рок од два дена, се наведува во полицискиот билтен.
Имено, пријавениот завзел имот во државна сопственост, а доделен на користење на ЈУ Национален парк Галичица, во КО Љубаништа, со вкупна површина од 688 метри квадратни, при што го оградил со бетонски темел за изградба на дворна ограда, оневозможувајќи непречено користење на наведениот имот од неговиот вистински корисник, соопшти СВР Охрид.
OhridNews












