
На 30-ти минатиот месец, при претрес на соби изнајмени од пријавените, притворениот К.А. со раце и нозе нападнал полициски службеник. Тој со повеќе удари по главата и телото физички го нападнал полицискиот службеник кој реализирал задачи од областа на безбедноста. Настанот се случил околу 18 часот на улицата „Славеј планина“ во изнајмени простории каде полициските службеници вршеле претрес со цел пронаоѓање предмети што потекнуваат од кривични дела. Откако го нападнал полицискиот службеник нанесувајќи му телесни повреди, сега притворениот почнал да бега но набрзо е пронајден во подрум од зграда на булеварот „Туристичка“.
Претходно, двајцата пријавени насилно отвориле апартман на Кеј „Маршал Тито“Ј.М. одкаде противправно одзеле 70 евра, три мобилни телефони, сребрен и златен накит по што со подесен алат насилно отстраниле метална решетка од месара на улица „Јане Сандански“. На 29-ти минатиот месец околу 13 часот, пријавените искористиле невнимание на турист и од негов несесер оставен на плажа одзеле 3000 денари, два мобилни телефони и еден дигитален фото- апарат. Од истата плажа успеале да одземат една женска ташна во која имало два мобилни телефони и помала сума пари. Истиот ден, тие го искористиле невниманието на двајца туристи кои се сликале на кеј „Маршал Тито“ и одзеле паричник со 400 евра и еден мобилен телефон.
Со извршените казнени дела, двајцата пријавени се стекнале со противправна имотна корист од 131.000,оо денари.
При претресот во изнајмената соба во Охрид, пронајдени се целофанско паковање со непозната прашкаста материја, штрафцигер и друг подесен алат и нараквици. Предметите се одземени и дадени на вештачење во Министерство- то за внатрешни работи во Скопје.











