СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.П.(37) од село Ботун,  за сторено кривично дело „незаконита експлоатација на минерални суровини“.

Во текот на 2011 година, пријавениот од месноста викана  „Умишта“ во селото Ботун, во повеќе наврати незаконски извршил ископ на 70 метри кубни чакал, прибавувајќи противправна имотна корист од 21.000 денари.

OhridNews