Поради постоење основано сомнение дека ги извршил кривичните дела „Одземање малолетник„ и „Телесна повреда„ СВР Охрид, поднесе кривична пријава против Н.П. (20) од Струга.

На ден 04.08.2011 година, пријавениот, од нејзиниот дом во Охрид и без согласност од родителите,  одзел малолетничка родена 1993 година и упатувајќи и закани, ја одвел во неговиот дом во Струшкото село Драслајца.

Тука, пријавениот Н.П. започнал физички да ја злоставува и да ја тепа. Тој најнапред започнал вербална расправија со неа по што и нанел неколку удари со раце и нозе по нејзиното тело, највеќе во пределот на главата. Од силината на ударите, малолетничката, која претходно била во љубовна врска со пријавениот,  се здобила со крвни подливи и расекотини по телото. 

Настанот, во СВР Охрид е пријавен од страна на таткото на малолетничката по што СВР Охрид,  во содејство со полициската станица од Струга, презеде оперативни мерки и лоцирање на куќата сопственост на пријавениот и негово приведување.   

OhridNews