
Пријавениот во текот на 2008 година, узурпирал 67 м² недвижност (имот) од катастарска парцела бр.1054 за КО Голем Папрадник – Центар Жупа сопственост на црквата „Св. Петка“ – МПЦ ОА.
Тоа го направил со намера за владение на недвижниот имот и со цел да го употреби за градба поради што изградил бетонски ограден ѕид и црковниот имот го припоил кон сопствената катастарска парцела бр.1058 за КО Голем Папрадник. На тој начин пријавениот противправно се стекнал со недвижен имот во површина од 67 м², а на штета на МПЦ ОА .
Дополнително, пријавениот се стекнал и со противправна имотна финансиска корист од 36.780 денари што како кирија за узурпираниот имот требало да ги плаќа од 2009 година врз основа на склучена вонсусдка спогодба. Според договорот, пријавениот од 2009 година требало да плаќа по 100 евра годишно како кирија за узурпираниот имот. Бидејќи не се придржувал кон вонсудската спогодба односно киријата не ја плаќал, пријавениот Н.Ш. и по тој основ и во износ од 36.780,оо денари ја оштетил МПЦ ОА.
OhridNews











