Полициската станица- Струга поднесе кривична пријава против 48- годишна докторка од Охрид, вработена во охридската Општа болница, за сторено кривично дело „примање поткуп“.

На 11- ти и 12- ти септември минатата година, пријавената заради извршени медицински услуги од сопруг на пациентка во два наврати побарала и примила 5.100 денари.

OhridNews