Од превземените мерки и извршениот разговор со инволвираните лица, констатирано е дека на 10- август , околу 12 часот, пријавениот во Месната канцеларија во селото, започнал вербална расправија со Џ.А.(56) од с. Радолишта, кој веднаш со своето патничко моторно возило си заминал кон својот дом во Радолишта.
Инаку, расправијата настанала околу бракоразводна постапка што се водела помеѓу Е.М. и ќерката на Џ.А..Набрзо Џ.А. забележал дека пријавениот го следи со друго возило и дека извадил огнено оружје-пиштол со кое испукал два куршуми во воздух. Исплашен Џ.А. го паркирал своето возило по што бил престигнат од пријавениот. По кратко време, пријавениот Е.М. се вратил кон паркираното возило и во движење односно при разминување, кон Џ.А. испукал еден куршум, при што истиот не е повреден.
На местото на настанот, полициски екипи извршија криминалистичко-технички увид во присуство на Истражен Судија и Основен Јавен Обвинител од Основниот Суд во Струга. Притоа, пронајдени се три чаури од пиштолска муниција кои се предадени на вештачење.