Поради постоење на основи на сомнение за сторено казнено дело „бесправно градење“, криминалистичката полиција од полициската станица во Струга, поднесе кривична пријава против  49-годишно лице од струшкото село Велешта.

– Пријавениот, без решение за изведување градежни работи кое би содржело одобрена техничка документација, во Струга неовластено започнал со градба на настрешница во функција на деловниот простор во колективна станбена зграда во Струга. Нелегалната градба ја започнал како инвеститор на улицата „Владо Малески“, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

По извршен увид на 17 март оваа година, градежен инспектор на Општина Струга составил записник и донесел решение за отстранување на градбата – настрешница  на деловниот објект.

OhridNews