СВР Охрид поднесе кривична пријава против двајца браќа од село Новак за сторени кривични дела “недозволено изработување, држење и тргување со оружје и други распрскувачки материи“ и “предизвикување општа опасност“.

На 07.06.2013 година, околу 04,30 часот на магистралниот пат Охрид –Кичево, едно лице управувајќи патничко возило удрило во куче, по што дошле пријавените и по настатната расправија, еден од браќата од пиштол што го поседувал без дозвола испукал неколку куршуми во воздух.

OhridNews