Поради основано сомнение дека сториле кривично дело „царинска измама“, Царинската управа до скопско Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Ѓорѓи Трајчев, поранешен директор на Агенцијата за млади и спорт, и Лазар Митровски, поранешен генерален секретар на Фудбалската Федерација на Македонија.
Царинската управа соопшти дека од 2004 до 2007 година, при набавката на спортска опрема од германската фирма „Пума АГ“ за потребите на ФФМ преку АМС, пријавените давале лажни податоци кои влијаеле на пресметката на давачките и даноците при увозното царинење.
Со тоа е избегнато плаќање на царински и други давачки во вкупен износ од 2.122.492 денари.
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид утре ја пречекува екипата на Младост Богданци По репрезентативната пауза ни следи натпревар од домашното првенство против екипа...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид ја пречекува екипата на Младост Богданци Младост Богданци е екипа против која мора да пристапиме максимално сериозно и концентр...
Македонската фудбалска репрезентација ги почна подготовките за последните два натпревари во групата Б1 од Лигата на нации Избраниците на селекторот Гоце Седлоски прво ќе ѝ гостуваат на Шкотска, а п...