Кривична пријава за Јово Вангеловски и девет други судии
10.08.17 15:41
Здружението „Зелена лупа“ поднесе кривични пријави против десет судии, меѓу кои и за претседателот на Врховен суд – Јово Вангеловски, jaвува „Макфакс“. Сите пријави се однесуваат на случајот на СЈО, во кои обвинетите Горан Грујовски и Никола Бошковски сега се во бегство. Кривичните пријави се поднесени против судиите Ленка Давитковска, Татјана Михајлова и Дијана Груевска од Основниот суд Скопје 1, Лилјана Шопова, Сафет Кадриу и Цветанка Периќ од Апелацискиот суд Скопје, како и против судиите Јово Вангеловски, Фаик Арслани, Ристо Катавеноски и Џемаил Саити од Врховниот суд. Сите пријави се за злоупотреба на службената положба, со намера други да прибават корист.
– Основниот суд кој без проблем секојдневно штанца притвори со некакви клише-образложенија одеднаш почнува да го крши законот и во овој случај на СЈО не одредува притвор. Апелацискиот суд, пак, ја преиначува одлуката и иако определи притвор, незаконски им дозволи на обвинетите право на жалба до Врховен суд и тоа жалба со одложено дејство. Тоа не е никаде предвидено во Кривичниот законик. Но иронијата не застанува тука, Врховниот суд постапува, додека обвинетите се на слобода. Тој што ја има способноста, ја има и одговорноста. Ова мора да запре, затоа поднесовме кривични пријави – изјави адвокатот Благој Јовановски од „Зелена лупа.“
Од здружението одговорност од судиите ќе бараат и преку Советот за утврдување факти.
Во духот на 15-вековната традиција, Вевчани пулсира во знакот на карневалот Дефилето под маски започна кога двете василичарски друштва Горна и Долна маала тргнаа од влезот на селото, традиционално ...
Охрид се подготвува за најмасовната културно- верска манифестација Богојавление- Водици Денес градоначалникот Кирил Пецаков одржа координативен состанок со Организцискиот одбор на кој беше посочено...
И оваа година нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ традиционално кај Музејот на вода го запалија василичарскиот оган под вода и ја најавија Стара нова година Со палењето на оганот под вода нурка...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.