Поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „Убиство во обид„ СВР Охрид поднесе кривична пријава против 51- годишна охриѓанка.

Пријавената,  на свиреп и подмолен начин се обидела од живот да го лиши нејзиниот 23- годишен син  удирајќи го со секира во главата.

Вчераутро, во нивниот семеен дом на улицата „Ирина Мирка Гинова“ во Охрид најнапред се случила вербална расправија кога пријавената се обидела да го разбуди синот за работа. Револтирана од караницата, пријавената отишла во подрумските простории од куќата од каде ја зела секирата и со сечилото го удрила синот во левата страна од главата. По кратко време  му нанела уште три удари на синот во левата регија на главата во висина на слепоочницата.

Со тешки телесни повреди синот итно бил пренесен во општата, а потоа и во болницата „Св.Еразмо“ каде по укажаната медицинска помош, како критичен случај бил префрлен во клиничкиот центар во Скопје.

На лице место е извршен криминалистичко-технички увид, пронајдена и одземена е секирата со која се нанесени повредите.

OhridNews