Поради постоење на основи на сомнение дека сторил едно кривично дело „Тешка телесна повреда„ СВР Охрид, поднесе кривична пријава против С.Џ.(59) од Охрид.

Вчера околу 14 часот, пријавениот, започнал вербална расправија со Д.С.(51) од Охрид, по што со метална шипка и задал повеќе удари во пределот на главата предизвикувајќи скршеници на черепот, крвни подливи во пределот на вратот и мозочно крварење.

Физичкиот напад, се случил на пресекот на улиците „Стив Наумов„ и „Пере Тошев„ каде пријавениот С.Џ. ја пресретнал неговата снаа од брат, со која од порано имале влошени семејни односи и недоразбирања. Истиот започнал караница со сега тешко повредената, која за кратко време прераснала во жестока вербална расправија на висок тон. Во еден момент, пријавениот, со метална шипка, која претходно ја имал сокриено во близина на местото, ја нападнал Д.С. удирајќи ја со шипката по главата.

Од страна на полициските  службеници, Д.С. е пронајдена падната на лице место, по што, со возило на Брза помош, е пренесена во Специјалната болница „Св.Еразмо„ а потоа во Неуро-хируршката клиника во Скопје.

OhridNews