На 31- ви мај, во градскиот пазар, пријавените под дејство на алкохол, биле избркани од угостителски објект, во кој подоцна повторно се вратиле. Едното лице влегло внатре во објектот и од автоматска пушка и пиштол што ги поседувал без одобрение, испукал неколку проектили, оштетувајќи го инвентарот, а потоа излегол надвор и испукал уште неколку куршуми кон објектот.
При извршен претрес во возилото на охриѓанецот, пронајдена е торбица со 68 куршуми за автоматска пушка кал.7,62 мм и кундак за пушка. Истражен судија на пријавените им одреди мерка притвор во траење од по 30 дена.