Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „уцена“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против 49- годишна охриѓанка.

На 23 декември минатата година, пријавената, во повеќе наврати од нејзиниот мобилен телефон, до лице од Охрид испратила смс пораки со цел преку него, од друго лице да оствари противправна имотна корист од 5000 евра. Бидејќи лицето од кое сакала да оствари противправна имотна корист се наоѓало во притвор, пријавената, преку порака барала од охриѓанецот да оствари контакт со братот на притворениот и да му земе 5000 евра со цел таа, пред судот да даде исказ поволен за него.

Пријавената барала 3000 евра да и бидат веднаш исплатени а 2000 евра на почеток на  новата 2015 година.

OhridNews