
Според полицијата на 18-ти овој месец околу 08 часот и 30 минути, пријавениот извршил полов напад врз осумгодишна малолетничка од Кичево. Настанот се случил откако притворениот ја повикал малолетничката која живеела во соседството да дојде во неговиот дом. Тука тој и ставил селотејп трака на устата по што, без да изврши обљуба почнал да ја допира по телото и да ја бакнува нанесувајќи и модринки и црвенило по вратот.
Инаку за осомничениот досега биле поднесувани и други пријави за сторени имотни деликти за што бил и затворски осудуван.
OhridNews











