Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Пустошење на шума“, полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава против 46-годишен жител на дебарското село Џепиште.

Според информациите од СВР Охрид, во периодот од мај до јуни минатата година, пријавениот, спротивно на Законот за шуми и без одобрение за сеча на дрва издадено од надлежен орган, извршил сеча на околу 200 стебла дабови дрва. Тоа го направил во дебарската месност „Коста корија-Врабич“ каде од катарстарски парцели со шума сопственост на Република Македонија неовластено пресекол околу 60 м³ дабови дрва.

Целокупната пресечена дрвна маса, пријавениот нелегално ја присвоил и ја продал. Тој, оштетувајќи го Јавното претпријатие „Македонски шуми“, се стекнал со противправна имотна корист од 144.000 денари.

OhridNews