Во Струга, на ул.„Кузман Ј.Питу“, по наредба на Основниот суд , бил извршен претрес во домот и други простории сопственост на лице родено 1947 година, при што биле пронајдени две поголеми алуминиумски фолии со кафеава прашкаста непозната материја, три црни најлонски фолии помали парчиња, една најлонска фолија-вреќа, еден мобилен телефон „Самсунг“ и една електронска вага марка „ЦЛА“ троник.

Предметите се одземени со потврда за привремено одземени предмети, а против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.