Кривична пријава за царинска измама против фирма од Охрид
26.11.12 14:03
Царинската управа на Република Македонија, до Основното Јавно Обвинителство во Струга, поднесе кривична пријава против правно лице од Охрид и одговорното лице – македонски државјанин, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело царинска измама со поднесување на лажен доказ за потекло на стоката.
Осомничените, во 2011 година увозно оцариниле глазирани плочки, при што како доказ за потекло на стоката, приложиле уверение за движење заверено од царинските органи на Турција. Согласно договорот за слободна трговија помеѓу Република Македонија и Република Турција, а врз основа на приложениот доказ за потекло, на увозникот му е одобрено увозно царинење со 0% царинска стапка.
Поради сомненија за веродостојноста на документот, Царинската управа го испратила на проверка приложеното уверение за движење кај царинската служба на Турција, од каде е добиен одговор дека дека доказот за потекло не е одобрен од тамошната царинска служба, односно не е веродостоен.
Врз основа на добиениот одговор од царинската служба на Турција, Царинската управа утврдила дека стоката увезена од осомничените не ги исполнува условите за преференцијален царински третман и изврши дополнителна пресметка за наплата на царинскиот долг во износ од 125 илјади денари.
Поради зголемената опасност од шумски пожари и согласно препораките на Владата на С Македонија, Јавната установа Национален парк Галичица воведува мерки за контролирано движење низ шумските подрачј...
Фестивалот на нов европски филм Beach Film Festival, кој веќе осум години нуди врвна филмска програма на повеќе локации долж Охридското крајбрежје, оваа година вклучува и слатко изненадување – летн...
„И јас и ти сме пешаци“, „Носи кацига“, „Користи пешачки“, „Одговорно паркирај“, „Спречи кражби“, се дел од превентивно-едукативните кампањи што СВР Охрид ги реализира во текот на главната туристич...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.