СВР Охрид поднесе кривична пријава против 60 годишен охриѓанец, вработен во ЈП „Градски гробишта“ во Охрид, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Во 2014 година, од страна на вработени во јавното претпријатие за монтажа на споменик на жителка на Охрид и биле наплатени 2.832 денари, а во текот на 2015 година од страна на пријавениот и биле побарани и наплатени дополнителни 3.200 денари за услуга извршена пред две години, без притоа да и издаде фискална сметка, а паричните средства не ги уплатил на сметка на фирмата.

OhridNews