СВР Охрид поднесе кривична пријава против 46- годишен охриѓанец , за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 25- декември , по извршен претрес во домот на пријавениот, во помошна просторија во кафетерија и патничко моторно возило во сопственост на охриѓанецот, пронајдени биле вкупно 6.780 парчиња разни пиротехнички средства, кои по пронаоѓањето биле одземени.
OhridNews