Регионален Центар за Гранични Работи – Запад поднесе кривична пријава против 51- годишен охриѓанец поради постоење основи на сомнение за сторено  кривично дело  „незаконит риболов”.

На 26- ти јануари од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „ Охридско Езеро“  на брегот на езерото наспроти плажа „ Потпеш“, пријавеното лице било затекнато со  метален чамец и рибарска опрема како врши незаконит риболов.

При извршен преглед над металниот чамец  пронајдени се две рибарски мрежи.

OhridNews