СВР Охрид поднесе кривична пријава против 37 и 31-годишни лица, двајцата од струшкото село Делогожда, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пустошење шуми“ по член 226 од Кривичниот законик.
На 29.12.2025, при контрола во атар на село Ботун, општина Дебрца, полициски службеници од СВР Охрид ги затекнале пријавените при неовластена сеча на дрва, од кои дел биле натоварени во возило „нисан терано“. Дрвната маса е одземена и предадена на Шумската полиција, а пријавените веднаш беа лишени од слобода, информираат од СВР Охрид.
OhridNews












