Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 33-годишно лице од струшкото село Радолишта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
При извршен претрес од страна на полициски службеници во домот и во патничко моторно возило на пријавениот во Радолишта, пронајдени и одземени биле марихуана и шишенца со раствор на метадoн.
OhridNews