Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела ,,телесна повреда“ и „неизвршување на судска одлука“, СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 52-годишно лице од охридското село Лескоец.

Пријавениот, во декември, во семејниот дом, непочитувајќи го решението од Основниот суд Охрид со изречени привремени мерки на заштита од семејно насилство, физички го нападнал неговиот малолетен син, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Во инцидентот, малолетникот се здобил со повреди кои му биле санирани во Општата болница во Охрид.

OhridNews