ОВР Струга поднесе кривична пријава против 55 годишно лице од струшкото село Долно Белица, поради постоење основи на сомнение за сторена „разбојничка кражба“ и „обид за обљуба“, информираат од СВр Охрид.

Тој на 10.08.2022 година околу 09.30 часот, на локален пат помеѓу струшките села Биџево и Ложани, физички нападнал 45-годишна жена со привремен престој во селото Ложани, се обидел да изврши обљуба и ѝ одзел личен предмет, додваат од СВР Охрид.

OhridNews