Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „разбојништво“ и напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 52-годишно лице од прилепското село Ново Лагово.

– Тој, казнените дела ги сторил на 18-ти овој месец во 09 часот и 15 минути пред аптека на улицата „Маршал Тито“ во Струга. Тука го забележал вработениот во аптеката и видно агресивно, со нож во рацете и со закани по неговиот живот, побарал да му даде седативи. Вработениот успеал да се сокрие во аптеката и настанот го пријавил во полициската станица, каде набрзо пристигнале полициски службеници, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

При нивната интервенција, лицето со ножот во рацете пружал активен отпор и продолжил со закани кон униформираните полициски службеници. Тој е приведен во полициска станица каде со него е извршен разговор.

OhridNews