СВР Охрид поднесе кривична пријава против 49-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.

На 08.12.2025, пријавениот насилно влегол во домот на друго лице од Охрид, физички го нападнал, по што му го одзел паричникот. Полициски службеници од СВР Охрид за кратко време го пронајдоа сторителот и го лишија од слобода, информираат од МВР.

OhridNews