Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда”, Секторот за внатрешни работи Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против  26-годишно лице од Охрид.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, пријавениот, казненото дело го извршил на четврти овој месец во 08,30 часот во семејна куќа на улицата „Бекир Али Риза“. Тој физички ја нападнал својата сестра влечејќи ја и гребејќи ја со раце, со што и нанесол повреди изразени во греботини и отоци на рацете.

OhridNews